Пожарот што избувна во нафтената рафинерија „Афипски“, која се наоѓа во близина на црноморското пристаниште Новоросија во Кранодарската област, најверојатно е предизвикан од дрон, соопшти регионалниот гувернер Венјамин Кондратјев.
Во пораката испратена на апликацијата Телеграм, Кондратјев додава дека пожарот е брзо изгаснат и дека нема жртви.
Веднаш не беше објавено кој го лансирал дронот, но Русија во текот на вчерашниот ден ја обвини Украина за зголемен број напади со беспилотни летала на нејзина територија, вклучувајќи ги и нападите врз Москва.
Од друга страна, Украина никогаш јавно не презема одговорност за напади на руска територија или на своја територија која е под руска контрола.