Сараевски хостел ги „потсетува“ гостите на војната во БиХ

Хостел во Сараево наречен „Воен хостел“ им нуди на туристите несекојдневен престој – да бидат во „воена зона“.

За разлика од оние кои ја преживуваа војната во тој град во деведесетите години од 20 век, посетителите на „Воениот хостел“ го имаат тој „луксуз“ да не се во вистинска опасност и можат да одат каде сакаат и кога сакаат.

Тие кои што ќе се одлучат да дојдат во хостелот, сопственикот ги дочекува со панцирен елек на себе и со шлем на глава.

hostel-2

Гостите спијат во соби кои имаат само една сијалица која е приклучена на акумулатор.

На прозорците место пердиња има церади, исти такви какви што на жителите на Сараево им биле давани додека траела војната со нив да ги сменат скршените сталка.

Во текот на ноќта гостите на хостелот користат свеќи за движење низ собата или за читање.

На ѕидовите во собите и низ ходниците на хостелот има врамени новинарски текстови од воениот период во кои се опишани воените денови во Сараево од 1992 до 1995 година и разни „реликвии“ од тоа време, шлемови, дотраени пушки, остатоци од бомби, сандаци за муниција, реденици…

hostel-3