СДСМ: Дали во скандалот за нелегално финансирање на партија се вмешани и лица блиски до Мицкоски?

LinkSense.mk

Соопштение за јавност

Јавноста е запознаена со голем скандал за кој Управата за финансиска полиција има отворено предистрага за нелегално финансирање на политичка партија.

Јавно објавените информации говорат дека се обезбедени милионски средства, на нелегален, криминален начин преку препродажба на ниви по десеткратно повисока цена.

Постои сомневање дека овие црни пари завршиле во белиот дворец.

Токму таткото на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ е едно од лицата кај кои е вршен претрес во предистражната постапка.

Јавноста има право да знае дали во овој скандал на нелегално финансирање се вмешани лица блиски до Христијан Мицкоски?

Дали меѓу тие лица се и членови на обезбедувањето на Мицкоски и функционери на ВМРО-ДПМНЕ?

Очекуваме одговори и од Мицкоски: на кој начин е поврзан со овој скандал?

Истрагата на Управата за финансиска полиција и надлежните институции треба да ги даде одговорите за сите детали за овој случај.