Се засадува ново зеленило во населба Тафталиџе

– Меѓу зградите на улицата „Московска“ во Тафталиџе, Општина Карпош засадува ново зеленило, поточно 108 украсни растенија. На овој начин, како што соопшти Општината, јавениот простор во овој дел од Карпош се раззеленува, добива нов лик и вредност.

За да се обезбеди одржување и долготрајност на зеленилото. претходните денови, на оваа локација бил поставен и систем за наводнување.

На овој потег предвидено е и засадување и на нова тревна површина, а локалната самоуправа е во подготовка на план и за обнова на партерниот дел.

– Општина Карпош сериозно вложува во надоместување на изгубеното зеленило и во унапредување на зелениот фонд меѓу зградите. Намерата е да се создадат нови зелени површини – места за рекреација на граѓаните, но и зеленило кое ќе придонесе кон намалување на аерозагадувањето, наведуваат од Општината.

Ги повикуваат граѓаните да бидат одговорни кон јавните површини, зеленилото и урбаната опрема.