Се кројат лозјата во Тиквешко

– Се кројат лозовите прачки во Тиквешко, најголемиот регион со лозови насади во државата.

– Режењето на прачките е прва од земјоделските операции во лозовите плантажи за оваа година. Со неа практично почнаа порано и се уште ја објавуваат производителите на грозје што имаат поголеми површини под лозов насад. Помалите лозаропроизводители ќе го чекаат празникот свети Трифун кој се смета за заштитник на лозарите и винарите, па тогаш, на 14 февруари, ќе влезат во лозјата за да закројуваат. Ние како големи производители на грозје моравме да стартуваме со резидба пред денот на кој се слави нашиот заштитник, оти имаме премногу работа и нема да стигнеме навреме, ако задоцниме со стартот на кроењето на лозовите

прачки, вели за МИА Златко Стојчев од кавадаречкото село Сопот, кој се грижи за над двеста декари лозови насади.

Тој нагласи дека очекуваат плодна година.

Како претседател на регионалното Здружение на тиквешки лозароовоштари, очекува поголема соработка помеѓу лозарите и винариите, повисоки цени за килограм грозје и побрза исплата на родот од лозјата.