Се одложи судењето за „Меѓународен сојуз“,

енешното судење за случајот „Меѓународен сојуз“ се одложува за 22 септември, поради изолација на обвинетиот Бојан Јовановски- Боки 13, кој е заразен со Ковид-19 и се наоѓа во изолација во затворот „Идризово“.

– Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следата главната расправа за предметот со КОК бр. 49/20 поврзан со организацијата Меѓународен сојуз, ја информираме јавноста дека денешната рaсправа се одлага по добиено известие од Затворската управа дека еден од обвинетите е во изолација согласно протоколите за заштита од Ковид – 19, информираат денеска од Основниот кривичен суд во Скопје.

Следното рочиште, информираат од Судот, е закажано за 22 септември, а определени се и термини за продолжување на расправата и на 28 септември, како и на 6, 14, 15, и 21 октомври, за што веќе се известени странките во постапката.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Софче Гаврилова Ефремовска, а застапник на обвинението е Ивана Трајчевска.

За случајот со невладината организација Меѓународен сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, а обвинети се и професорката Фросина Ременски, Христина Блажеска, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.