Се уриваат нелегалните објекти на најатрактивните плажи во Охрид

„Под силно полициско обезбедување денеска почна најавуваната акција за отстранување на нелегалните градби и урбана опрема од плажите во градското подрачје на Охрид.  

За почеток се отстранува и демонитира платформата во езерото пред „Куба Либре“, една од најатрактивне плажи и локации на исотчниот брег на Охридското Езеро.  

Акцијата беше очекувана со оглед што уште пред една седмица во близина на неколкуте плажи зад мостот на Студенчишкиот канал кај Охрид беше распоредена механизација, а вчера сите објекти во тој дел беа искучени од системот за нанпојување со електрична енергија.

Во врска со денешните активности од Општина Охрид истакнуваат дека локалната самоуправа е цврста во намерите да стави крај на долгогодишното самоволие и хаотично стопанисување со плажите на охридското крајбрежје.

„Повеќе нема да биде толерирано нелегално работење и остварување на бизнис интереси на поединечни фирми, кои без договори за концесија и надвор од сите законски процедури граделе објекти и узурпирале државно земјиште, со што нанеле значителни штети во строго заштитената зона на езерото, се навдува во соопштението од Општина Охрид.

Истовмремено се нагласува дека субјектите што работат на плажи треба да престанат да извршуваат угостителска дејност надвор од законските процедури и да пристапат кон затворање на локалите.

„Остануваме посветени на исполнување на препораките на УНЕСКО и одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион. Сите нелегални градби кои претставуваат опасност за регионот и се во спротивност на режимите на заштита ќе бидат отстранети и нема да има никаква селективност во постапките, посочуваат од Општината.

Сопствениците на објектите што се предмет на уривање пак од своја страна истакнуваат дека се затекнати од уривањето, со големи забелешки на целата процедура.

Маријан Маловчев, менаџер на „Куба Либре“ вели дека тие како субјект немаат никаква вина за ситуацијата, концесијата на просторот е платена до 2021 година, а сето она што е изградено од нивна страна е според проект одобрен од надлежните институции уште во 2007 година.

„Плажата е изградена со проект, со обезбедени сите потребни дозволи од општна и држава. Никој од надлежните не дојде да ни каже како треба да изгледа просторот, што ние треба да преземеме. Доброволно ќе направевме се што треба, но за жал, не добивме ниту известување, уште помалку некој да праша какви се нашите проблеми, изјави Маловчев.

Од општина Охрид е најавено дека акцијата ќе ги опфати сите пет плажи што се опфатени со Генералниот урбанистички план, односно „Куба Либре, „Кадмо“, „Бела Виста“ како и „Канео“„ и „Потпеш“.