Силен земјотрес го потресе филипинскиот остров Минданао

Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала го погоди денес филипинскиот остров Минданао, соопшти американскиот Геолошки завод.

За сега нема податоци за загинати, повредени и за направена материјална штета.

Епицентарот на потресот е околу 77 километри североисточно од градот Катабато, и е на длабочина од околу десет километри што би можело да го засили неговиот разорен ефект.

Земјотрес со ваква јачина се смета за релативно силен и може да предизвика значителна штета.