Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала го погоди денес филипинскиот остров Минданао, соопшти американскиот Геолошки завод.
За сега нема податоци за загинати, повредени и за направена материјална штета.
Епицентарот на потресот е околу 77 километри североисточно од градот Катабато, и е на длабочина од околу десет километри што би можело да го засили неговиот разорен ефект.
Земјотрес со ваква јачина се смета за релативно силен и може да предизвика значителна штета.







