Силен земјотрес ја погоди Индонезија

LinkSense.mk

Најмалку 16 луѓе загинаа, а 164 се повредени во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала што вчера го погоди туристичкиот индонезиски остров Ломбок.

Земјотресот оштетил 1.000 куќи и се почуствувал во поширокото подрачје, вклучувајќи ја и познатата дестинација Бали.

Американскиот геолошки завод соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од седум километри.

Во источната покраина Ломбок осум лица го загубија животот, вклучувајќи и еден малезиски државјанин.

Од земјотресот дошло до голем одрон на планината Ринџани, каде што се наоѓа Национален парк којшто е веднаш затворен до минување на опасноста.