Кој ќе биде шампион во Формула 1 за сезоата 2021 ќе биде познато дури во Абу Даби, затоа што претпоследната трка во ова првенство, во Саудиска Арабија, не само што е завршена на драматичен начин, туку и со бројни проблеми за кои дури ќе се слушне во деновите пред нас.
Победник на крајот беше Луис Хамилтон, Британецот кој ја брани титулата и кој успеа да се израмни со Макс Верстапен на врвот, а сега и двајцата, по малку неверојатно, имаат по 369,5 поени.
А, она што се случи на денешната трка можеше да биде поинаку… Дека на оваа трка ќе има хаос, ја најави несреќата на синот на легендата Михаел Шумахер. Мајк Шумахер, кој за среќа мина без посериозни повреди, во десеттиот круг удри во заштитниот ѕид и ја прекина трката за прв пат, но не и последен.
Верстапен, лидерот во генералниот пласман дотогаш, а петти во тој момент, се изнервира што клупскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас, возел премногу бавно додека била на сила паузата поради присуство на безбедносно возило на патеката.
Откако и болидот на Серхио Перез се „распадна“, а поради деловите од неговото возило на патеката беа оштетени и формулите што ги возеа Џорџ Расел и Никита Мазепин, а дојде до помал судир и меѓу Хамилтон и Окон. И двајцата останаа во трката, но Верстапен ја искористи ситуацијата и го презеде водството, кое подоцна беше принуден да го „врати“, а потоа драмата го достигна својот врв.
Јуки Кунада беше казнет со пет секунди затоа што го удри Себастијан Фетел, а подоцна Кими Раиконен се судри со Фетел, а потоа настана најголемиот хаос.
Според многумина, вистинскиот опис би бил – скандал.
Поради претходен инцидент на патеката, на Верстапен од страна на натпреварувачките власти му беше наредено да го пропушти Хамилтон, но кога Британецот тргна да го заобиколува, дојде до ненадејно кочење, поради што Луис Хамилтон со предниот дел од неговиот болид удри во оној на противникот.
„Тој е луд! Што правеше?! Намерно кочеше, намерно“, му довикуваше актуелниот шампион преку радио-врската на својот тим.
Hamilton – Verstappen | Sad Edit pic.twitter.com/nQSfcBlWcK
— Mustafa Basar (@mustafa_basar11) December 5, 2021
Веднаш беше покрената истрага за инцидентот, а по трката, во која Хамилтон прв ја мина целта и стигна до својата 103-та победа во кариерата, со 103 пол-позиции, а Ферстапен беше втор, ситуацијата на масата е идеална за фантастичен крај на сезоната.
Имајќи предвид дека Луис Хамилтон го извозе најбрзиот круг, а со тоа дополнително го зголеми својот резултатски учинок, се израмни со Макс Верстапен бидејќи па сега и двајцата имаат 369,5 поени.
Заради таквиот епилог остана помалку во сенка фактот дека зад нив двајца низ целта поминаа Ботас, Окон, Рикардо, Гасли, Леклер, Саинц, Џовани, Норис и други кои ја завршија трката, што не беше случај со Шумахер, Перез, Расел, Мазепин и Фетел.
И самата разделбата на возачите не беше вообичаена. Имено, додека Хамилтон и Ботас се полеваа со шампањ, Верстапен го напушти победничкиот подиум, велејќи дека „ќе има оган“ кога ќе се решава за титулата, на 12 декември.