Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Германците ги избраа најдобрите автомобили за 2026 година

ноември 20, 2026

3 хороскопски знаци со кои е најтешко да се биде во врска: Тие имаат страв од обврзување и ја обожаваат својата слобода

ноември 20, 2026

УХМР со ново метео предупредување, невреме со силен ветер и врнежи од дожд се очекува во текот на ноќта и утре претпладне

ноември 20, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Германците ги избраа најдобрите автомобили за 2026 година
  • 3 хороскопски знаци со кои е најтешко да се биде во врска: Тие имаат страв од обврзување и ја обожаваат својата слобода
  • УХМР со ново метео предупредување, невреме со силен ветер и врнежи од дожд се очекува во текот на ноќта и утре претпладне
  • Црна Гора затвори уште две поглавја во преговорите со ЕУ
  • Макрон бара преиспитување на влезот на Украина во НАТО, Мерц е подготвен за разговори со Путин
  • Роберт Патинсон е новиот Џејмс Бонд
  • Овие хороскопски знаци ќе ги решат финансиски проблеми
  • Инстант лоз „Фрути“ – овошен спектар со сладок вкус на добивки
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СЛАБА КАРИКА: Помошта за Русија стигнува преку Киргистан!?
СВЕТ

СЛАБА КАРИКА: Помошта за Русија стигнува преку Киргистан!?

јули 21, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

И покрај санкциите од Запад, Москва успева да пронајде канали за да ги заобиколи и да набави воена опрема за продолжување на војната во Украина.Меѓу земјите кои ги користи се издвојува Киргистан, пишува американскиот дневен весник „Вашингтон Пост“.

Дронови од Кина и електроника од Германија стигнуваат до руската војска и покрај меѓународните забрани и ригорозните казни за нивно кршење.

На почетокот на мај, кинески беспилотни летала, означени како машини за запрашување на посеви што се користат на големи фарми, беа запрени на границата меѓу Казахстан и Киргистан.

Тоа беше последната етапа од нивното патување, а нарачателот беше руска компанија, што го вклучи алармот на граничната контрола.

Станува збор за дронови кои можат да носат 30 килограми и да летаат многу ниско, истурајќи притоа течни хемикалии.

Која требаше да биде нивната крајна цел, не може да се тврди, но фактот дека се запрени се смета за голем и позитивен знак во борбата за спроведување санкции. Имено, ваква стока се почесто ја минува границата отколку што се запира, пишува „Вашингтон Пост“.

Свртувањето кон поранешните советски сателити е пракса кон која Руската Федерација се сврте во обид да стаса до забранета, но многу потребна стока.Тоа се земји кои се традиционално финансиски и културно свртени кон Москва.Во исто време, тие се тесно поврзани со Европа и Кина.Промената е особено забележлива во Киргистан, каде е забележлива голема експанзија на увозни и извозни компании, што за „Вашингтон Пост“ го потврдиле американските претставници кои го набљудуваат регионот, но и растечкиот профит на овие компании.Побарувачката е голема за сè, од беспилотни летала и делови за авиони до делови за бомби, се од ред што Русија не може легално да ги набави на друго место.

Заради тоа Бишек во последните месеци го посетија американски и европски дипломати, а администрацијата на Бајден подготвува мерки со кои ќе го притисне Киргистан да ја запре трговијата, пишува „Вашингтон Пост“.

Меѓу нив ќе има ставање на компании на црна листа или директни санкции, а објава се очекува можеби веќе оваа недела.

Бројките покажуваат дека има добра причина.

Јавно достапните податоци за трговијата покажуваат дека извозот на Киргистан во Русија минатата година се зголемил за 250 отсто, а за некои стоки, делови за пушки, нема информации дека некогаш пред ова биле извезени во Русија. Притоа постои „синхронизација во работењето“. На пример, киргистанските компании минатата година во февруари и март купувале чувствителна електроника. Во истиот период, речиси иста количина го напуштила Киргистан и отишла во магацини на фирми за кои се знае дека се руски воени добавувачи. Американските власти тврдат дека во сè се вклучени руските разузнавачки служби кои го координираат снабдувањето.

Поранешни и сегашни американски функционери признаваат дека Киргистан е во таква геополитичка и економска положба што е тешко да се спротивстави на својот моќен сосед.

„Местоположбата, близината и влијанието се важни. Во земјите како Киргистан, мора да постои политичка волја за прекин на претходните односи и храброст и капацитет за спроведување санкции“, коментира Хуан Зарате, поранешен американски функционер во администрацијата на Џорџ В. Буш.

Дроновите кои неодамна беа запрени на граница можат да се користат за напад со хемиско оружје, пишува „Вашимгтон Пост“.

Постојат сомневања дека Русија, наводно, користела гас сличен на „солзавецот“ во најмалку два наврати во војната во Украина. Русите кога одзедоа ист ваков дрон од украинската армија, тврдеа дека Киев имал намера да употреби хемиско оружје за да ги нападне нивните сили. Сепак, не е познато дека „Аграс Т30“ досега бил користен на боиштето. Сега испораката е запрена на граница, но, како што истакнува американски извор за „Вашингтон Пост“, тоа не значи дека Русите нема да најдат друг канал за тиа да стасаат до нив. Прашањето е само за што навистина им требаат.

актуелно војна германија дрон Кина оружје помош русија Украина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Германците ги избраа најдобрите автомобили за 2026 година

ноември 20, 2026

3 хороскопски знаци со кои е најтешко да се биде во врска: Тие имаат страв од обврзување и ја обожаваат својата слобода

ноември 20, 2026

УХМР со ново метео предупредување, невреме со силен ветер и врнежи од дожд се очекува во текот на ноќта и утре претпладне

ноември 20, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.