Словенија: Поранешен комичар на чекор до премиерската фотелја

LinkSense.mk

Иако Јанез Јанша е победник на словенечките избори мали се шансите дека тој ќе успее да состави нова влада во Словенија. Отпорот кон Јанша е се поголем, а претседателот на државата Борут Пахор во разговорот со шефовите на партиите овие денови можел да слушне дека многу го сакаат Маријан Шарец за нов премиер.

Сепак, кај Пахор официјалниот победник на изборите е во предност, па се очекува дека на Јанша ќе му биде доверен мандатот за состав на владата. Но, како што стојат работите, Јанша има поддршка од 35 пратеници, додека за премиерското место потребно му е да обезбеди најмалку 46. Ако Јанша не успее, тигаш на сцена настапува Шарец кој е толку сигурен во својот избор што веќе од сега почна да ја прави владата и да дели министерски места.

Маријан Шарец е поранешен актер и комичар, а некој го споредуваат со Беп Грил од движењето Пет ѕвезди во Италија, кој исто така бил успешен комичар.

Шарец ја постигна популарноста во Словенија имитирајќи познати политичари, а посебно ја засмејуваше публиката со имитирањето на поранешниот претседател Јанез Дрновшек, но и на Јанез Јанша, како и Фидел Кастро и Осама Бин Ладен.

Политичката кариера му тргна нагоре кога стана градоначалник на Камник, место во североисточна Словенија, па беше и шлен на Позитивна Словенија, партија која ја водеше Зоран Јанковиќ. На претседателските избори, дури во вториот круг, загуби од Борут Пахор.

Словенците, кога станува збор за Јанез Јанша, се плашат од неговата тврда реторика која по многу нешта потсетува на онаа на Виктор Орбан, но и од неговите најави за посилно свртување на земјата во десно. Словенија под водство на Јанша би била тврд бедем за бегалците кои сакаат преку Словенија да дојдат до земјите на Европска унија.

Шарец тврди дека сака да спроведе нова политика, се претставува како човек од народот кому политиката „не му удрила во глава“, како и семеен чоивек. Има две деца со сопругата Барбара со која е уште од студентските денови.