Снег во Маврово, Крива Паланка и Ѓавато

Сообраќајот на патиштата се одвива по претежно влажни коловози.

Слаб снег врне во Маврово, Крива Паланка и на граничниот премин Ѓавато.

Од вчеравечер, од 18.10 часот, во прекин е сообраќајот на магистралниот пат А3, од Ресен преку Битола за Прилеп, кај населбата Баир поради блокада од ромското население.

Сообраќајот се пренасочува низ Битола.

Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци Кочани-Македонска каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.