Снежното невреме ја затвори грчката граница

LinkSense.mk

Поради лошите временски услови во Грција, грчките полициски службеници не пропуштаат камиони од македонска страна.

На меѓуграничниот простор и на македонска страна чекаат стотина товарни возила.

Во внатрешниот патен соообраќај забрани за движење за тешки товарни возила има на патните правци: Маврово-Дебар, Кочани-Делчево-граничен премин Делчево, Берово-Виница-Кочани.

Сообраќајот на патишта низ државава се одвива во зимски услови по влажни коловози и со остатоци од снег на коловозот.

Поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица.

Во клисурите и засеците, пак, можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д. Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково.

Се препорачуваат исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.