Сончев ден за изборите

Времето денес во Македонија ќе биде сончево, во јужните и југозападните делови ќе има мала до умерена облачност и слаб ветер.

Претпладне по некои котлини ќе има слаба магла.

Минималната температура ке изнесува минус шест, а дневната ќе достигне до 18 степени целзиусови.

Во Скопје ќе има сончево време со температура до 11 степени.

Во понедленик и вторник ќе има продор на студена воздушна маса што ќе услови засилен северен ветер, на места провејување на слаб снег и позначително опаѓање на температурата.

Во понеделник максималната температура ќе се движи од 6 до 12, а од вторник до четврток од 2 до 9 степени.
Утринските температури во понеделник и вторник ќе се движат од -4 до 4 степени, а потоа поради разведрување ќе опаднат и ќе бидат во интервал од -9 до 0 степени.