Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, соопштија од Автомотосојузот на Македонија

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржување за влез и излез од државата. Оваа информација се однесува  за македонската страна на премините.

АМСМ ги предупредува возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од поставената сообраќајна  сигнализација.