Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

„Тесла“ ќе инвестира три милијарди евра во германската фабрика за производство на „кибертакси“

ноември 18, 2026

Паѓа цената на нафтата

ноември 18, 2026

„Не знам дали постои поскапо место на светот“: Цените на храната и пијалаците на аеродромот во Истанбул го изненадија босанскиот инфлуенсер

ноември 18, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • „Тесла“ ќе инвестира три милијарди евра во германската фабрика за производство на „кибертакси“
  • Паѓа цената на нафтата
  • „Не знам дали постои поскапо место на светот“: Цените на храната и пијалаците на аеродромот во Истанбул го изненадија босанскиот инфлуенсер
  • Водата во Струга е забранета за пиење, измерена зголемена заматеност на повеќе места
  • Повеќе од 100.000 луѓе излегоа на улиците во Франција за да побараат повисоки плати
  • АНБ и МВР спречиле терористичка мрежа со шест македонски државјани, подготвувале атентат во Грција
  • На актерката Лидија Вукиќевиќ и истурија јогурт пред српското собрание (видео)
  • Судир на два патнички воза во Прага: 34 лица се повредени
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски: Најдобро е Заев да остане и во владата и во партијата
Македонија

Спасовски: Најдобро е Заев да остане и во владата и во партијата

ноември 22, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Владиниот кабинет функционира со истиот капацитет како претходно и тоа мора да биде така, во интерес на граѓаните. Овие турбуленции се нормални во демократскиот свет и мора да се бараат решенија. Се покрена прашање за доверба на Владата, зголемување на парламентарното мнозинство, но Владата во целиот период мора да функционира, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, објаснувајќи како функционира Владата во моментов.

Во пресрет на утрешната седница на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ, Спасовски рече дека ќе се разговара и за изборот на нов лидер на партијата откако ќе бидат разгледани претходните заклучоци.

– Ние  утре имаме седница на Извршниот и на Централен одбор и ќе разговараме за ова прашње. Да направиме се да се стабилизира парламент мнозинство. На државата не и се потребни турбуленции и побаравме претседателот на некој начин да ја стави во мирување оставката. Сега ќе видиме што е постигнато, што да се преземе во наредниот период. Ако се одлучи во партиските органи избор на нов лидер, тоа ќе се организира во наредниот период, вели Спасовски.
Во СДСМ постои процедура за избор на нов лидер и во него учестуваат сите членови на партијата и тоа како новина беше воведено пред краток период кога Заев беше реизбран на челната позиција во СДСМ.

– Не очекувам многу кандидати за лидер. Секако низ еден ваков демократски процес, кога секој член ќе одлучува кој ќе биде нов претседател на партијата, секој има право со свој концепт и своја визија да учествува на изборите за претседател, рече Спасовски, додавајќи дека тој во моментов не размислува да се кандидира за претседател на СДСМ.

– Не размислувам во овој момент воопшто, дециден е Спасовски.

Доколку се избере нов лидер на СДСМ, тој ќе биде нов мандатар на Владата и тогаш ќе има и промени во извршната власт.

– Мора да настанат одредени промени во партијата и во Владата. Ќе одлучуваат коалиционите партнери и мандатарот за состав на владата кој ќе даде оценка за досегашното функционирање на Владата и ќе побара промени каде што е потребно. Најважно е одржувањето на Владата и резултати кои ќе бидат препоразнаени од граѓаните, вели Спасовски.

Според него најдобро решение и за партијата и за владата во моментов е Заев да остане на двете функции.

– Најдобро е Заев да биде тука, и во Владата и во партијата, но поради моралната поставеност не знам дали е тоа возможно. Одлуката не треба да се носи врз тоа дека на некого му е преседнато. Нападите се основани или неосновани, но тоа не треба да биде причина за заминување. Прашањето за Заев што тој е сврзното ткиво. Една ваква сериозна коалиција со јасни стратешки цели кон евроинтеграции, со концепт „едно општество за сите“ има потреба од Заев. Тој ги обединвуа структурите и во партијата и во коалцијата, дециден е министерот Спасовски.

 

актуелно Заев Спасовски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

„Тесла“ ќе инвестира три милијарди евра во германската фабрика за производство на „кибертакси“

ноември 18, 2026

Паѓа цената на нафтата

ноември 18, 2026

„Не знам дали постои поскапо место на светот“: Цените на храната и пијалаците на аеродромот во Истанбул го изненадија босанскиот инфлуенсер

ноември 18, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.