Спасовски ја презеде должноста во МВР

Во МВР денеска беше извршено примопредавање на функцијата меѓу новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и досегашниот Агим Нухиу.

Спасовски кој до вчера беше технички премиер повторно се враќа на министерското место во МВР, функција што ја извршуваше до неговото назначување на претседател на техничката влада.

Тој во јануари дојде на чело на преодната влада чија задача според Пржинскиот договор беше да ги организира предвремените парламентрани избори кои првично беа закажани на 12 април, но беа одложени поради крона кризата.

Нухиу, пак, ја извршуваше функцијата министер за вантрешни работи од средината на јули по објавувањето на конечните резултати од парламентраните избори со што истече мандатот на дотогашниот технички министер, Наќе Чулев.