Спречен напад врз руската амбасада во Германија!?

Во Германија е покрената истрага против дваесет и четиригодишен Мароканец, заради постоење сомнение дека планирал да изврши напад на амбасадата на Русија во Берлин, изјави портпаролот на државното обвинителство во Дрезден, Стив Шулц-Реинхолд.

Шулц – Реинхолд наведе дека осомничениот моментно се наоѓа во центарот за бегалци во Борсдорф, во близина на Лајпциг.

„Започнавме истрага против лице за кое се смета дека подготвувало напад на руската амбасада во Берлин“, рече Шулц – Реинхолд.

Портпаролот на обвинителството не откри детали од истрагата.