СП во ракомет; Ангола-Македонија 22:31

Македонската ракометна репрезентација ја совлада Ангола со 22-31 и со втората победа на Светското првенство во Франција, се наоѓа чекор поблиску до пласман во осминафиналето.

Натпреварот го почнавме со три нереализирани напади

Капитенот Кире Лазаров резултатот го отвори на истекот на третата минута од седмерец (0-1).

Ангола првиот гол го постигна во 8. Минута.

Фереира го совлада Колев со удар од девет метри.

Благодарение на Гоце Георгиевски, Стојанче Стоилов и Кире Лазаров на полувреме заминавме со пет голови разлика (9-14).

lazarov 2

Во триесетте минути во второто полувреме македонската репрезентација со рутинска игра ја разбиваше одбраната на Ангола.

Во листата на стрелците се запиша и голманот на нашата репрезентација Благојче Трајковски.

Трајковски два пати прецизно стрелаше од гол на гол.

На крајот Македонија славеше победа против Ангола со девет голови разлика (22:31).

За најдобар играч на натпреварот е прогласен Гоце Георгиевски.

lazarov 3

Фото: gol.mk