СП во ракомет: Норвешка е финалист

Ракометната репрезентација на Норвешка се пласираше во финалето на Светското првенство, откако вечерва во Париз после продолжетоци ја победи Хрватска со 28:25.

Хрватска имаше шанса да победи, но Златко Хорват во последната секунда од регуларниот дел промаши пенал за победа.

Хрватите во првото продолжение водеа со два гола разлика, но Норвешка во второто направи пресврт.

Норвежаните во финалето ќе играат против домаќинот и бранителот на титулата Франција, додека Хрватска за бронза ќе игра против Словенија.

Најефикасен во победничката екипа беше Бјарте Мирол со шест голови, додека Кристијан Бјорнсен постигна пет.

Хорват даде шест голови за Хрватска, а Марко Мамиќ пет.