Ракометната репрезентација на Франција се пласираше во финалето на Светското првенство чиј домаќин е, откако во полуфиналето ја победи Словенија со 31:25.
Франција е бранител на титулата и петкратен шампион, а вечерва против Словенија водеше од почетокот до крајот на натпреварот.
Словенците во неколку наврати приоѓаа на два гола разлика, но домаќинот со сигурна игра ја чуваше предноста.
Најефикасен во победничката екипа беше Недим Ремили со шест и Валентен Порт со пет голови.
Словенија ја предводеше Јуре Доленец со пет голови.
Во второто полуфинале вечерва играат Хрватска и Норвешка.







