Средба за намалување на надоместоците во тарифниците на Катастарот

LinkSense.mk

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, Борис Тунџев денеска ќе има работна средба со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во врска со намалувањето на надоместоците во тарифниците.

На средбата, како што соопштија од Агенцијата за катастар на недвижности, ќе стане збор и за постигнатите резултати во изминатиот период.