Оригиналните рачно напишани стихови на песната на Дејвид Боуви „Стармен“ (Starman) од 1972 година вчера беа продадени на аукција во Велика Британија за 203.500 фунти, објави аукциската компанија „Омега“.
Песната за прв пат беше објавена на петтиот албум на Боуви „The Rise and Fall of Ziggy Stardust and the Spiders from Mars“.
Почетната цена на текстот, напишан со сино мастило на лист со А4 формат, беше околу 40.000 фунти.
На листот се гледаат измени и дополнувања кои ги внесувал Боуви, како и правописни грешки кои пејачот ги поправил.
Во 2013 година, документот беше прикажан во музејот „Викторија и Алберт“, на ретроспективна изложба посветена на пејачот, која почина во јануари 2016 година на 69-годишна возраст.
Аукциската куќа „Омега“ објави дека текстот го продава анонимен приватен колекционер кој го набавил уште во 80-тите години.
Документот беше понуден на аукцијата како дел од продажбата на голем број предмети на Дејвид Боуви, а фановите, меѓу другото, можеа да купат и постери и винилни плочи.