Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Странски експерти за домашни компании
Економија

Странски експерти за домашни компании

јули 17, 2017Updated:јули 18, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Денеска во Владата на Република Македонија беше промовиран на третиот јавен повик за проектот „Странски експерти за домашни компании“, на кој присуствуваа Заменик претседателот на владата Кочо Анѓушев, амбасадорката на Република Швајцарија во Република Македонија, Сибил Сутер Тејада, министрите Зоран Шапуриќ, Зорица Апостолоска, Рамиз Мерко и Аднан Ќахил, претставници на Стопанска Комора на Македонија, Сојузот на Стопански комори на Македонија и Стопанска комора на северо-западна Македонија, како и претставници на домашните претпријатија кои ги споделија своите искуства од досегашното спроведување на овој проект.

Кочо Анѓушев во поздравното обраќање ја потврди силната заложба и поддршка на новата влада за раст и развој на домашните компании и како што рече, ова е една од мерките што ќе придонесе кон јакнење и зголемување на капацитетите на домашните фирми.

„Суштината на овој проект е да се примени нивото на новите технологии во нашите компании. Овој проект треба да им помогне на домашните фирми да го зголемат својот капацитет и своите знаења за да можат да бидат поконкурентни на светскиот пазар“, рече Анѓушев.

Амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, Сибил Сутер Тејада, напомена дека Швајцарија останува цврсто посветена во помошта што ја дава за економски развој на Македонија и за таа цел учествува со поддршка во 14 економски проекти во земјава.

По обраќањето на амбасадорката, следуваше кратка презентација на досегашните остварени резултати од спроведувањето на овој проект. Досегашните постигнувања говорат дека дури 78% од компаниите се задоволни од користењето на странска експертиза, а 90% повторно би аплицирале за ваква помош.

Беше потенцирано дека рокот за пријавување на овој трет повик е до 29.07.2017 година.

Претставниците на стопанските комори ги поздравија и ги истакнаа позитивните резултати и придобивките што домашните претпријатија ги имаат од ваквиот тип на експертска поддршка.

Како позитивни резултати коишто ги оствариле, претставниците на домашните претпријатија ги истакнаа подобрување на производствениот процес и организацијата на работата, како и преносот на взаемни знаења и искуства.

Министрите Шапуриќ, Апостолска, Мерко и Ќахил уште еднаш ја потврдија одлучноста на новата влада за градење на добра бизнис клима која ќе овозможи еднакви услови, економски раст и развој на домашните и странските компании.

„Ова е една од мерките на владата за градење на подобар капацитет на нашите компании и во оваа прилика им благодарам на домашните компании за споделеното позитивно искуство. Овој настан е еден апел од страна на владата, нашите компании ваквите можности да ги искористат“, истакна во завршницата на своето обраќање Кочо Анѓушев.

 

актуелно македонија швајцарија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.