Судењето против седумтемина обвинети за случајот „Тврдина“, за уништување на документација поврзана со двата система за нелегално прислушкување, е одложено.
Причина за одложувањето е тоа што Специјалното јавно обвинителство немало дозвола од Управата за безбедност и контраразузнување за употреба на класифицираните докази во судска постапка.
Следното рочиште е закажано за 17 јануари следната година.
Ниту еден од обвинетите не сакаше да даде изјава за медиумите.
Обвинителката Ленче Ристовска изјави дека со ваквата одлука на судијката Лидија Петрова се доведуваат во прашање и другите постапки на Судот во кои класифицираните докази не биле декласифицирани.
„Судот денеска побара Специјалното јавно обвинителство да обезбеди дозвола од Управата за безбедност и контраразузнавање за декласифицирање на класифицираните докази во случајот со уништување на службената документација поврзана со предметот „Тврдина“ за да може тие да се користат во судска постапка.
Колку време ќе биде потребно да се обезбеди оваа дозвола Ристевска не знаеше да каже.
Вели дека се надева на коректен однос од институцијата од каде што треба да ја добијат.
Седуммината се обвинети од страна на СЈО за уништување на документи кои биле потребни во истрагата за откривање на начинот на којшто УБК вршела прислушкување.