Судот го ослободи Груевски до септември

LinkSense.mk

Екс премиерот Никола Груевски и неговите поранешни соработници, обвинети во предметите на СЈО, ќе имаат можност еден месец да одморат од судските рочишта, зошто судиите имаат одмор.

Во овој период се оддржуваат судења само за притворски предмети, односно случаите во кои обвинетите се во притвор, а Груевски и неговите соработници по сите предмети се бранат од слобода.

Според распоредот на СЈО, единствено на 16 и 17 јули ќе има судење и тоа за случајот „Труст“, во кој обвинет е бизнисменот Сеад Кочан.

Единствена отежителна околност за поранешните владини функционери е тоа што тие нема да можат да ја напуштат државата, бидејќи пасошите им се одземени како мерка на претпазливост.