Тампонирани пристапни патишта до земјоделски површини во Росоман

Заврши реализацијата на проектот за тампонирање на пристапни патишта до земјоделско обработливи површини во општина Росоман. Проектот опфати тампонирање на три полски патишта.

-Проектот беше аплициран преку Центарот за развој на Вардарски плански регион,  а финансиран од страна на Министерството за земјоделство, соопштија од службата за односи со јавноста при росоманската локална самоуправа.

Дополнително саниран е и полскиот пат кон паликурскиот блок,  каде има големи површини земјоделски насади.

-Во санирањето на овој полски пат учествуваа Локалната самоуправа, општествено одговорни граѓани и компании. Ги повикуваме граѓаните да внимаваат и да не ги оштетуваат полските патишта,  особено да бидат внимателни  кога ги полеваат своите површини, нагласија од прес службата при општината.