Твитер почнува да наплаќа за „Твитер Блу“

LinkSense.mk

Твитер денеска повторно ќе ја пушти во употреба обновената верзија на својата претплатничка услуга „Твитер Блу“, а цената ќе биде малку повисока за корисниците на „Епл“, објави американската компанија.

Новата верзија ќе им овозможи на корисниците да уредуваат твитови, да гледаат и да поставуваат видеа во „фул ХД“ резолуција од 1080 пиксели и да добијат сина ознака дека профилот е верификуван.

Твитер не објасни зошто на корисниците на „Епл“ им се наплаќа повисока цена од другите, но медиумите објавија дека американската компанија бара начини да го надополни она што се наплаќа за „Епл сторе“.