Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Епл“ треба да плати 13 милијарди евра на име неплатени даноци, реши Судот на правдата на ЕУ
СВЕТ

„Епл“ треба да плати 13 милијарди евра на име неплатени даноци, реши Судот на правдата на ЕУ

септември 11, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Европскиот суд на правдата вчера одлучи дека американскиот технолошки гигант „Епл“ ќе мора да плати 13 милијарди евра на име неплатени даноци.

Пресудата е донесена во врска со жалбата на „Епл“ и Ирска на одлуката на Европската комисија од 2016 година со која се бара од американската компанија, чие седиште за ЕУ е во ирскиот град Корк, „да врати 13 милијарди евра“, сума што „ја заштедила“ благодарение на даночните олеснувања предвидена со ирското законодавство.

Според Комисијата, со примена на ирските закони „вештачки е намален даночниот товар“ на „Епл“, со што се прекршени правилата на ЕУ. Дополнително, ваквата одлука на ЕК беше оцената како оквалификување на Ирска како „даночен рај“.

Еврокомисијата во својата одлука тврди дека преку филијалата во Ирска, „Епл“ плаќа многу помал данок на дел од приходите остварени во Африка, Европа, Индија и на Блискиот Исток.

Американскиот технолошки гигант ги отфрли ваквите обвинување, нагласувајќи дека плаќа даноци во САД и дека е еден од најголемите даночни обврзници во светот.

По ова, „Епл“ и ирската Влада поднесоа жалба против одлуката на ЕК до Општиот суд на ЕУ, кој во јули 2020 година го поништи решението на Комисијата. По ова следуваа жалби до највисок суд во ЕУ, Судот на правдата, кој ја донесе денешната пресуда.

– Судот на правдата ја поништува пресудата на Општиот суд и носи конечната пресуда за ова прашање, потврдувајќи ја одлуката на Комисијата, соопшти Судот, потврдувајќи дека „Епл“ ќе треба да плати 13 милијарди евра.

Еврокомесарката за конкуренција Маргрете Вестагер оцени дека ваквата одлука на Судот на правдата претставува „голема победа за Комисијата, за европските граѓани, за еднаквите услови на внатрешниот пазар и за даночната правда“.

– Судот на правдата го потврди пристапот на Комисијата дека… „Епл“ треба да плати даноци во вредност од 13 милијарди евра на профитите во Ирска, изјави денеска Вестагер на прес-конференција во Брисел посветена на одлуката на Судот.

Таа посочи пример дека во 2011 година подружницата на „Епл“ во Ирска остварила профит од приближно 16 милијарди евра, но благодарение на ирското даночно законодавство платила данок од „само околу 50 милиони евра“.

Претставник на „Епл“, пак, изрази разочарување од ваквата одлука. Во реакција на пресудата, тој истакна дека Општиот суд ги разгледал фактите и категорично ја поништил одлуката на Европската комисија.

Експертите проценуваат дека одлуката на Судот на правдата може да факто да се протолкува како признание дека Ирска претставува даночен рај во ЕУ за високотехнолошките компании.

Во 2019 година Европскиот парламент усвои извештај во кој беше оценето дека високиот удел на странски директни инвестиции од технолошкиот сектор во Ирска, се должи на обидите за „користење на дупките во даночното законодавство“ на земјата.

 

 

 

Фото: МИА 

актуелно даноци Епл ЕУ правда суд
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.