Шеснаесет лица загинаа, а повеќе од триесет се потешко повредени денес во Ирак кога бомбаш самоубиец со автомобил влетал во толпа луѓе која присуствувала на венчавка.
Нападот е извршен во Амријат ал Фалуџа, град на околу 40 километри западно од Багдад.
Засега никој не ја превзеде одговорноста за нападот.
Сепак, властите во Багдад сметаат дека самоубиствениот напад ги извеле џихадисти од Исламска држава.
Во исто време, локални полициски извори соопштиле дека цел на нападот најверојатно биле сунитски покраински претставници кои се противат на таканаречената Исламска држава, а кои присуствувале на свадбената свеченост, пренесува Ројтерс.
Исламска држава пред три дена ја превзеде одговорноста за двојниот самоубиствен напад во Фалуџа во којшто беа убиени 15 лица.
Агенцијата потсетува дека оваа ултрарадикална сунитска организација изгубила делови од територијата што ја контролирала во текот на изминатата година и дека е соочена со голема борба за Мосул кој се обидува да го задржи под своја контрола, но дека овој народ покажува и дека Исламска држава и понатаму е во состојба да изведува напади ширум Ирак, дури и во централните подрачја близу главниот град.