Тестиран летечки автомобил

LinkSense.mk

Објавена е снимка од тестирањето на летечки автомобил. Лондонската стартап компанија „Белветер Индустрис“ (Bellwether Industries) објави снимка од првиот лет на својот прототип на летечки автомобил „Волар“ (Volar). Од компанијата велат дека веруваат оти е неизбежно луѓето да патуваат со летечки автомобили во следните десет години.

Британската фирма не открива многу во поглед на спецификациите кога е во прашање прикажаниот намален модел, со кодно име „антилопа“. Сепак, минатиот месец беше објавено дека „Белветер“ извршила најмалку осум прототипни лет-тестови и дека имаат намера својот „еВТОЛ авион да го исфрли на пазарот како приватно возило до 2028 година.

Волар“ ќе може да крстари на надморска височина од околу илјада метри, достигнувајќи брзина од 217 km/h. Се очекува батеријата да трае приближно 90 минути, што е слично на летечките такси-моделите што се во изградба, како што е лилиумовиот еВТОЛ авион.

Сè уште е потребна многу работа на прототипот на „Белветер“, па дури и летечките такси-компании како „Волокоптер“ и понатаму мораат да работат на добивање на сертификат за лет пред да можат да ги подготват своите услуги за планираниот датум на лансирање во 2023 година.