Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Титаник продолжува на 2 февруари со сослушување сведоци на одбраната
Судски процеси

Титаник продолжува на 2 февруари со сослушување сведоци на одбраната

јануари 29, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Членови на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година изготвувале списоци со можни гласачи, симпатизери на партијата, кои содржеле име и презиме, адреса, телефон и избирачко место. За ова денеска сведочеше вработен во Фонд за здравство, повикан како сведок
на обвинителството на судењето за изборни нерегуларности Титаник.

Сведокот Анде Марковски, рече дека во 2011 година изготвил список на негови блиски луѓе, симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, кој го предал во партија.

„На списокот беше прв татко ми, а инаку беа околу 30-тина лица. Инаку списокот содржеше име и презиме, адреса, телефон и избирачко место“,н рече сведокот.

Прашан дали за тоа добил насоки од партијата, рече дека од лице не добил, појаснувајќи дека тоа го добил како задача од Месниот комитет.

На прашање од одбраната, сведокот рече дека со Спиро Ристовски и Миле
Јанакиески лично не се познава.
Потоа сведочеше Олгица Насевска, која во 2011 година работела во
Централен регистар Битола, која зборуваше за притисоци околу своето
избирачко право со кои се соочила пред предвремените избори на 5 јуни
2011 година.

„Во саботата на 4 јуни, некаде попладне ми заѕвони по телефон мојот раководител Ленка Рашајковска и ми рече „наредба од директорот да не се оди на гласање“ и ми го затвори телефонот. Јас се зачудив и исплашив. И ѕвонев за објаснување, но не ми се јави. Потоа ми се јави Станко Коруновски и ме праша „дали ти се јави Ленка да не одиш на гласање“. Јас тогаш многу се исплашив и почнав да плачам. Се јавив кај директорот Трајко Костадинов. Кога го прашав дали е точно дека дал наредба да не
одам на гласање тој ми рече „со кое право ти ми се јавуваш“, изјави сведокот Насевска.

На сугестија на моето семејство тогаш заѕвонев кај Силвана Бонева, и таа ми препорача да се јавам кај Илија Китановски, некаков координатор на мизборен штаб за Битола.

„Кога се јавив кај Китановски, тој ми одговори, јас за ова не сум запознаен. Ќе се распрашам и ќе ти кажам што е работата. Чекав некое време, но тој не ми се јави. Јас заедно со сопругот отидов во штабот на ВМРО-ДПМНЕ и го побарав градоначалникот Владимир Талевски. Кога отидов да го побарам, Телевски се скри од мене. Јас ноќта ја поминав будно, бидејќи Ленка доаѓаше на моето биро и ми велеше „да си ја чуваш
работата“, тоа ми проструи низ памет. Јас исплашена, во договор со мојот сопруг не отидовме на гласање. Така моето право за гласање, на индиректен начин ми беше одземено“, изјави сведокот.

Во меѓувреме, рече сведокот, се случуваа и други работи и јас отидов кај Ленка и ја прашав што е оваа работа што се јавувате, а тогаш Ленка ме погледна во очи и рече „јас не сум те барала“ и настана препрека со мене, но таа си остана на тоа.

„Потоа следеа навреди и деградирања по наредба на Ленка Рашајковска. До моето заминување во пензија јас бев под мобинг“, рече сведокот Насевска.

Сведокот, кажа дека бара оштета од Ленка Рашајковска, Станко Коруновски и од Централен регистар.

На прашање од одбраната, дали со Ленка и Станко не е скарана, Насевска рече да, приватно не сум скарана.

Прашана дали имаат нарушени односи уште од 2008 година, кога таа била уназадена на функција стручен соработник и нејзината раководна функција ја земала Ленка Рашајковска, сведокот Насевска рече не.

Прашана дали била резрешена од функцијата поради недоличното однесување со страниките и штетата на угледот на Централниот регистар, сведокот рече не.

„Не, ова е лага. Јас очекував ваква дискредитација бидејќи тоа што не ми беше дозволено да гласам стана голем случај во ВМРО-ДПМНЕ, инаку јас бев бивша ВМРО-вка“, рече сведокот Насевска.

Сведокот Соња Јовановска, вработена во централен регистар во Битола, рече дека на 4 јуни 2011 година добила повик од раководителката Ленка мРашајковска, која и рекла „да не оди на гласање“.

„Јас излегов на избори и си гласав“, рече сведокот.

Откако се вратив на работа, бев во канцеларија на Ленка Рашајковска и и реков „што беше тоа со јавувањето“ и јас и кажав дека си излегов да гласам, со што и дадов до знаење дека никој не може да ми влијае да не излезам на избори.

Прашана од одбраната, дали понатака имала проблеми со раководителката, сведокот рече не, имав коректен однос.

Следното рочиште е на 2 февруари, за кога се повикани повеќе сведоци од одбраната.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

актуелно одбрана сведоци титаник
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.