Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Топ 5 технолошки новитети кои доаѓаат во блиска иднина
Технологија

Топ 5 технолошки новитети кои доаѓаат во блиска иднина

мај 21, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во време полно технолошки иновации, оваа 2024 година, според познавачите, веќе се обликува како една пресвртна точка за некои од највозбудливите технолошки достигнувања. Во продолжение следат пет можеби клучни трендови коишто ќе ги дефинираат следните неколку години.

1. Поголем опсег на вештачката интелигенција (ВИ) и подобри можности. ВИ континуирано ги дефинира и унапредува можностите во многу области – од здравствена заштита до финансиски услуги. Тоа денес овозможува, на пр., и попрецизни предвидувања, автоматизирани сложени задачи и персонализирани кориснички искуства. Во 2024 година, се очекува напредок на ВИ во етичките упатства и транспарентноста, одговарајќи на растечките барања за поодговорна технологија ширум светот.

2. Квантни компјутери. Од теорија до пракса, квантната технологија којашто долго време е резервирана за лабораториски истражувања, сѐ повеќе го наоѓа своето место во практичните примени. Со потенцијал да трансформира сè – од безбедносни протоколи до начините на обработување огромни количини податоци, квантното пресметување влегува во нова фаза од својата имплементација. Предводниците во оваа индустрија, како „Гугл“ и „Ај-би-ем“ веќе имаат завидни резултати во квантното пресметување, а најавуваат и можност за негова поширока примена уште оваа година.

3. „Попаметен“ Интернет на нештата („ИоТ“): Поврзаност, технологија, подобар живот… „ИоТ“ станува сѐ побогат со напредна „паметна“ технологија, со подобри интеграции и современи функционалности што го олеснуваат животот на луѓето. Во 2024 година, се очекува паметните уредите да станат уште посамостојни, со понапредни способности и подобра енергетска штедливост и одржливост. Паметните домови и градови ќе користат „ИоТ“ за да се подобри сè: управување, енергија, безбедносни системи итн., што претставува голем чекор напред во секојдневниот однос со технологијата.

4. Развој на 5-Г и новата 6-Г технологија. Додека 5-Г го освојува светот, 6-Г технологијата е веќе во најава. Оваа година, 5-Г ќе овозможи нови нивоа на поврзување и брзина на интернет, што ќе има големо влијание врз развојот на новите технолошки апликации, вклучувајќи проширена виртуелна реалност, но и „ИоТ“. Развојот на 6-Г, пак, ветува уште поголеми брзини и можности, што води до нови граници во телекомуникациите.

5. Одржлива технологија: Иновации за позелена иднина. Соочени со глобалните климатски промени, технолошкиот сектор игра клучна улога во создавањето поодржливи решенија. Во 2024 година, иновациите насочени кон намалување на јаглеродот и поттикнувањето одржливост ќе бидат во центарот на вниманието.

Од еколошки извори на енергија до одржливи производствени процеси – технологијата е во првите редови во борбата за позелена планета.

 

 

 

 

Извор: МИА

блиска вештачка иднина интелегенција новитети
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Илон Маск ќе раководи со проект на Пентагон за иднината на војувањето

октомври 1, 2026

Трамп нареди промена на името за вештачката интелигенција

септември 30, 2026

Во ВИ Финска „Гугл“ ќе вложи најмалку 13 милијарди евра

септември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.