Првите луѓе на „Тојота“ ја претставија новата верзија на популарниот градски автомобил „јарис“. Четвртата генерација на еден од најомилените компактни автомобили во Европа, доживеа светска премиера, а првите фотографии покажуваат дека ова возило е уште поубаво и посредено.
Новиот „јарис“ е прв модел на „Тојота“ развиен на потполно нова „ТНГА-Б“ платформа, а на пазарот се очекува на есен следната година.
Оваа верзија на „тојота јарис“ е креирана да одговори на се поголемите предизвици на градскиот живот и се поголемите барања на денешните купувачи на компактни автомобили. Од градското возило се очекува да пружи и стил и практичност, да биде едноставен за паркирање и удобен за долги патувања.
Најновиот „јарис“, според најавите од компанијата, ќе пружа водечки стандарди на сигурност и најниски можни трошоци за одржување и ќе има мошне прифатлива цена.
Овој автомобил се потпира на „филозофија“, на таканаречената „Нова глобална архитектура на Тојота“ (ТНГА), по првпат во овој сегмент на возила, како и на најсовремениот хибриден погон од четвртата генерација на „Тојота“.
Ваквиот пристап, дополнет со напредни активни и пасивни системи за сигурност тежнее да створи најсигурен автомобил во оваа класа.
„Јарисот“ го задржа сиот внатрешен простор на кој купувачите се навикнаа, што е суштина на филозофијата на автомобилскиот гигант за овој тип на возила „големи, а мали“. Дизајнот на внатрешноста предвидува отворен и простран простор за возачот и совозачот, а висококвалитетните материјали нудат пријатен амбиент во автомобилот.
Покрај 1,5 литарскиот хибриден погон, новиот „јарис“ ќе биде достапен и со 1,5 и 1,0 литарски бензиски мотор.








