Традиционален словенечки пчеларник во Кочани

LinkSense.mk

– По повод одбележувањето на Светскиот ден на пчелите, во дворот на Земјоделскиот институт, единица во Кочани, денеска ќе се одржи инаугурација на традиционален словенечки пчеларник.

На настанот свечено ќе биде предаден во употреба традиционален словенечки пчеларник, донација од Република Словенија по повод 30- годишнината од независноста и во чест на словенечкото претседавање со ЕУ.

Официјално обраќање ќе имаат Боштјан Ноч, претседател на националното словенечко пчеларско друштво, заменик -министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија Трајан Димковски и градоначалникот на Кочани Николче Илијев.

Настанот е во организација на Амбасадата на Република Словенија во Скопје во соработка со Земјоделскиот институт, општината Кочани и здружението на пчелари од брегалничкиот регион „Меден исток“- Кочани.