Трамп ја затвора својата добротворна фондација

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп соопшти денес дека ќе ја затвори својата добротворна фондација, која ја следат многу контроверзи заради што е под истрага.

Трамп не наведе кога ќе биде затворена фондацијата, но на адвокатот му рекол да превземе чекори потребни за нејзино затворање.

Организацијата извесно време е под надзор на надлежните институции по утврдени неправилности во врска со начинот на кој ги собира и дели средствата.

Прибирањето и делењето пари, според одделни информации, било вршено без соодветен сертификат потребен за таков вид финансиски трансакции.

„Фондацијата направи огромна работа во текот на годините од своето постоење давајќи милиони долари на безбројни заслужни групи, вклучувајќи давање поддршка на ветерани, полицајци и на деца“, наведе Трамп во соопштението.

Сепак, Трамп не признава дека откажувањето од фондацијата е мотивирано од нелегалното работење.

Тоа, наводно, го правел за да не дозволи какви било негативни коментари на негова сметка.

„За да се одбегне појава на каков било судир на интереси со мојата улога на претседател, одлучив своето силно интересирање за филантропија да го продолжам на друг начин“, стои, меѓу другото, во соопштението на новоизбраниот американски претседател.

Фондацијата Доналд Ј. Трамп оваа година била предмет на засилен надзор после низа извештаи на Вашингтон пост за нејзиното работење.