ТРЕНДОВИ: Акциите поврзани со вештачка интелигенција бележат огромен раст

LinkSense.mk

Минатата недела конечно заврши сагата за зголемување на горната граница на американскиот долг.Американскиот политичка претстава заврши со договор меѓу републиканците и демократите за подигање на плафонот на долгот до 2025 година – навреме за претседателските избори во САД следната година. Истовремено се договорија државните расходи за работи кои не се поврзани со војската да останат на годинашното ниво, но дека во 2025 година ќе се зголемат за еден процент. Трошоците за одбрана ќе пораснат на 886 милијарди долари.

Од друга страна, ублажувањето на лимитот за задолжување значи нови емисии на благајнички записи (проценета вредност од околу трилион американски долари), што ќе одземе одредена ликвидност од пазарите и може дополнително да придонесе за нестабилност на пазарот.

Од друга страна, интересно е, „ВИКС“ ( VIX – индексот што ја подразбира нестабилноста на берзата на акции) во петокот го достигна најниското ниво од ноември 2021 година.

Изминатите неколку дена видовме малку поголема нестабилност на берзите поради неизвесноста околу натамошните зголемувања на каматните стапки заради состанокот на Американската централна банка следната недела.

Откако пред само неколку дена берзите ја проценија веројатноста за зголемување на каматната стапка за 25 базични поени, на помалку од четвртина, оваа веројатност вчера скокна на повеќе од 35 отсто.

Причина за зголемувањето на неизвесноста е неочекуваното зголемување на каматните стапки од страна на австралиските и канадските централни банки на почетокот на оваа недела.

Во моментов, широкиот консензус е дека ФЕД ќе треба да ги зголеми каматите барем уште еднаш за 0,25 отсто за да ја намали инфлацијата во САД, но главното прашање е дали американските централни банкари, предводени од Пауел, ќе го сторат тоа во јули или веќе следната недела.

Поддржувачите на јунското зголемување сигурно ќе го наведат изненадувањето на американскиот пазар на труд, бидејќи САД отворија повеќе од 339.000 нови работни места (аналитичарите очекуваа 190.000).

Откако „ОпенАИ“ (OpenAI) го најави „ЧетГПТ“ (chatGPT), акциите поврзани со вештачката интелигенција (AI) забележаа огромен раст.

Тие на технолошките гиганти беа јасни победници оваа година, со оние на Насдак (Nasdaq) индексот на технолошки акции кој од почетокот на годината до денес пораснаа за повеќе од 25%, достигнувајќи го највисокото ниво во последните 13 месеци минатата недела.

Годинава се појавија огромен број компании базирани на вештачка интелигенција, која бара соодветна технологија за развивање и учење модели на огромна количина на податоци.Голем победник во оваа трка е американскиот производител на чипови „Енвидиа“ (Nvidia), чии акции минатата недела достигнаа рекордна вредност од 419,38 долари.Со ова „Енвидиа“ привремено им се придружи на американските технолошки гиганти со пазарна вредност од повеќе од милијарда американски долари (Microsoft, Google, Apple, Amazon).

Аналитичарите на „Голдман Сач“ (Goldman Sachs) проценуваат дека генеративните технологии за вештачка интелигенција можат да помогнат да се зголеми глобалниот БДП за седум проценти и да се подигне растот на продуктивноста за 1,5 процентни поени во следните десет години.

Она што е сепак интересно, е повратот на акциите во СиП 500 (S&P 500) кои не се поврзани со вештачката интелигенција.

Анализите покажуваат дека индексот во моментов би бил во минус доколку од него се исклучат акциите со вештачка интелигенција.

Исто така, повратот на „Насдак“ би бил половина половина помал ако се гледа како подеднакво пондериран и без оглед на пазарната капитализација.

Ова ни кажува дека најголемиот дел од повратот доаѓа од акции на големи технолошки компании.