Тројца научници добија Нобелова награда за физика

Шукуро Манабе, Клаус Хаселман и Џорџо Паризи се овогодинешните добитници на Нобеловата награда за физика, соопшти денеска Шведката кралска академија на науките.

Манабе и Хаселман го поставија темелот на нашето знаење за Земјината клима и како човештвото влијае на неа, а Паризи е награден за својот револуционерен придонес кон теоријата за неподредени материјали и случајни процеси, се наведува во образложението.