Тупанчевски: Најдоцна утре на ЕНЕР ќе биде прикачена драфт верзијата на новиот Кривичен законик

LinkSense.mk

Во текот на денешниот ден, најдоцна утре на Електронскиот национален регистар на прописи – ЕНЕР ќе биде прикачен еден прилично значаен законски текст, односно драфт верзија на Кривичниот законик, информира министерот за правда Никола Тупанчевски на денешната прес-конференција.

Тој појасни оти станува збор за еден од позначајните законски текстови и акти.

„Решивме концепциски тоа да биде на линија или согласно стратегијата за реформа на правосудниот сектор, да не се оди сегментарно во измените на Кривичниот законик, туку напротив, да се донесе комплетно нов Кривичен законик, кој ќе ги опфати сите сегменти на општественото живеење во државата, појасни Тупанчевски.

Додаде дека била формирана помала група, прво во септември 2019 година, а потоа уште една во декември 2020 година, којашто, според него прилично напорно работеше интензивно во изработка на Кривичниот законик.

Покрај претставници од Министерството за правда, во рамки на групата со околу 40 членови учествувале и претставници од акамедската заедница, професори, претставници од невладиниот сектор, претставници од Јавното обвинителство, судството, МВР и сите засегнати страни кои можат да дадат придонес во однос на подготовката на новиот Кривичен законик.

Тупанчевски посочи дека и меѓународниот фактор има значаен импакт во изработката.

 

 

ИЗВОР: МИА