Тутунот откупен во рекордно време

LinkSense.mk

Откупот на тутунот заврши во рекордно време и по рекордна откупна цена од 290 денари по килограм. Патем, не е регистриран ниту едем проблем во откупниот процес.

Просечната откупна цена на тутунот достигна рекордни 290 денари по килограм, што претставува зголемување од 45% во споредба со минатата година, кога беше 200 денари по килограм.

Кога на оваа откупна цена, ќе се додаде и субвенцијата од 80 денари по килограм која ја доделува Владата, тутунарите ја завршија сезоната со заработка од 370 по килограм тутун.