Уапсени 18 помагачи на измирските терористи

LinkSense.mk

Полицијата во Турција денеска уапси 18 лица осомничени дека се поврзани со терористичкиот напад во Измир.

Полицаец и судки работник загинаа во експлозијата на автомобил-бомба вчера во близина на зградата на судот, а двајца напаѓачи се убиени во престрелка со полицијата.

Напаѓачите биле вооружени со автоматски пушки, бомби, минофрлачи и рачни гранати.

Властите се сигурни дека зад нападот стои забранетата Работничка партија на Курдистан.

Ова е последниот во низата терористички напади кои последните месеци ја потресоа Турција.

Во нападот во ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул, за време на новогодишната ноќ, загинаа 39 луѓе, а 69 беа ранети.
Одговорноста за тој напад го превзеде Исламска држава.

https://www.youtube.com/watch?v=ZzKr34bG-HY