Русија утринава соопшти дека Украина истрелала проектил кон Москва и го нападнала Крим со 42 беспилотни летала.Тоа е еден од најголемите досега координирани украински воздушни напади на територијата под руска контрола.
Московските аеродроми привремено ја прекинаа работата.
„Руските сили за воздушна одбрана уништија 42 беспилотни летала лансирани од Украина над полуостровот Крим и една ракета над регионот Калуга, денеска рано утрово“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Министерството соопшти дека девет дронови биле уништени од воените сили за воздушна одбрана, додека 33 биле онеспособени со електронско војување и се срушиле над Крим, не стигнувајќи до своите цели.
Русија го анектира полуостровот од Украина во 2014 година.
Михаил Развозаев, гувернерот на пристанишниот град Севастопол на Крим, на Телеграм објави дека повеќе дронови се уништени над р’тот Херсонес во предградието на Севастопол.
Претходно, Министерството за одбрана соопшти дека собориле ракета која ја лансирала од Украина над регионот Калуга, кој се граничи со регионот на Москва.
Засега нема информации за жртви или штети во нападите, за кои Русија ја обвини Украина.
Руските аеродроми ги прекинаа летовите на неколку часа.
Бројот на лансирани дронови беше еден од најголемите во серијата слични напади.
Украина речиси никогаш јавно не ја презема одговорноста за нападите во Русија или на територијата што е под контрола од Русија, но во последните месеци изјавуваа дека уништувањето на руската воена инфраструктура и помага на контраофанзивата на Киев.
Во текот на ноќта се слушнале експлозии во руските региони Тула и Калуга.
(Фото: Архива)







