Додека го гледаат турнирот во Русија, многу љубители на фудбалот се прашуваат зошто репрезентативците на Уругвај на дресот над грбот имаат четири ѕвезди, а Мундијалот го освојувале два пати, во 1930 и 1950 година. Одговорот лежи во фактот декаоваа јужноамериканска екипа два пати триумфирала на Олимписките игри додека сеуште не постоело Светското првенство, и тогаш тоа било најважното фудбалско натпреварување.
Уругвајците првото злато го земале во 1924 година на 8 Олимписки игри во Париз, откако во финалето ја совладале Швајцарија со 3:0, а второто во 1928 година со триумф над Аргентина со 2:1 во Амстердам на 9 Олимписки игри. Дури во 1930 година е одржано првото Светско првенство, кое исто така го освоиле.
Уругвај сега има дозвола од ФИФА да користи дрес со четири ѕвезди, а правото да прикачат една не го користат Белгијците, кои победиле на ОИ во 1920 година. Првите два олимписки турнири инаку ги освоила Велика Британија, во 1908 и во 1912 година.







