Утре почнува зимската „3×3“ баскет лига

Премиерното издание на зимската „3×3“ баскет лига официјално почнува утре, во организација на Македонската кошаркарска федерација (КФСМ) и Здружението 3×3 Macedonia“.

Првиот од предвидените четири квалификациски, пред завршниот, финален турнир, ќе се одржи во СРЦ „Кале“, во Скопје, со почеток од 11 часот.

Своето учество во премиерното издание на баскет лигата го пријавија екипите на Капетани“, „Синдикат“, „Змајеви“, „Brotherhood Alpha“, „Проект 3×3“, „Терминатори 3×3“, „3×3 Аеродром“, „3×3 Lincetis“, „Водно Санс“, „Баду“, „Dust Caffe“ и „Феникс 2010“.

Сите турнири, како што соопштија организаторите, ќе бидат „FIBA Endorsed и во согласност со протоколите за заштита и превенција од ширење на Ковид-19.

Победникот на зимската „3×3“ баскет лига ќе добие парична награда во износ од 2.000 евра, и слот за учество на FIBA Challenger.

Второпласираниот тим ќе добие парична награда во износ 1.000 евра, а третопласираната екипа ќе биде наградена со 500 евра.