Ученици од „Никола Карев“ штрајкуваат бидејќи сакаат да останат во ист клас

Ученици од втора година во гимназијата „Никола Карев“ денеска штрајкуваат заради тоа што не сакаат да бидат раздвоени во други паралелки откако ќе ги одберат стручните насоки.

Во втора година учениците треба да изберат насоки за во трета година што би значело да се поделат во различни паралелки. Учениците штрајкуваат затоа што сакаат да останат во ист клас.

Штрајкот во гимназијата се уште трае.