ФИФА избира најубав гол

Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави денес 10 кандидати за најубав погодок за 2016 година.

Меѓу новимираните се погодоци на Хал Робсон-Кану, Лионел Меси и Неимар.

За најубав гол меѓу кандидатите се погодоците на Родригес, Субри, Скраб, Нигес, Марлон, Кекен и Гаспар.

Гласањето е возможно преку интернет на страницата на ФИФА, на која и се претставени головите, а на 2 декември ќе биде направен пресек и списокот ќе биде заокружен само на тројца.

Погодокот на годината ќе биде прогласен на 9 јануари на свеченост во Цирих.