Фијат под истрага во САД заради дефект на менувачот

Американската агенција за безбедност во сообраќајот отвори истрага против автомобилската компанија Фијат Крајслер, чии автомобили „Dodge SUV“ и „ram“, наводно, продолжуваат да се движат и по запирањето, што досега довело до девет повреди.

Агенцијата соопшти дека примила 43 приговори во кои се наведува дека автомобилот неочекувано продолжува да се движи и после паркирањето.

Истрагата против Фијат Крајслер е нов удар за компанијата, откако актерот Антон Јелчин, ѕвездата од серијата „Ѕвездени патеки“, во јуни годинава настрада откако неговиот „гранд чироки“ од 2015 година ненадејно тргнал наназад и го притиснал во ѕид.

Фијат Крајслер претходно, во април, го повлече овој модел откако беа пријавени 117 сообраќајни несреќи и 28 повреди на возачи.