Формула 1 го претстави новиот болид

Во Формула 1 се одлучија за промена на многу правила со цел натпреварите да ги направат повозбудливи од досегашните. На истата конференција за медиуми на која се претставени правилата претставени се и фотографиите на новите болиди.

Од Женева по пат на видеоповик се обрати Жан Тодт, претседател на ФИА.

„Ова е една голема и темелна промена и прв пат во комплет е донесен потполно нов технички, спортски и финансиски правилник. Мислиме дека ова е чекор напред. Една од нишките водилки за донесување на овие правила е екологијата. Формула 1 веќе има едни од најефикасните мотори на светот и ќе продолжиме да ја пробиваме границата во развојот на уште подобри компоненти за болидите“, рече Жан Тодт.

Обично доминираат Мерцедес, Ферари и можеби Ред Бул, но сега целта е и „помалите“ екипи да имаат прилика да се борат за самиот врв. Покрај тоа, во 2021 година ќе имаме и поинаков дизајн на болидите.

Формула 1 на својата службена страница потврди дека дизајнот на болидите драстично ќе се промени и дека ќе биде користен од 2021 година. Објавија и фотографии како ќе изгледа.